Хороскоп за 27 септември

Овен

Денеска вашата цел ќе биде да навлезете добро во проблематиката на тоа што го работите. Не покажувајте лутење или бес кон колегите.

Би било добро да внимавате за што размислувате, бидејќи тоа може и да ви се оствари. Подобрете го односот со партнерот.

Осцилации во крвниот притисок.

Бик

Вас не ве интересира мислењето на колегите, барем така е во последно време. Сепак, исполнете ги обврските кои ги имате кои се насобираат и видете дали можете тоа сами да го направите.

Умеете под кожа да и се пикнете на личноста која ви се допаѓа. Влијаете на луѓето околу вас.

Намалете ги слатките.

Близнаци

Не очајувајте, бидејќи дефинитивно ја учите лекцијата. Правите многу анализи, а тоа воопшто не ви носи ништо добро.

Ако се појави личност од вашето минато, колку и да ви е важна, потрудете се да не ги покажувате вистинските чувства. Барем не веднаш.

Одмарајте повеќе.

Рак

Не дозволувате ништо да ви избега од око, а тоа ги мачи вашите соработници. Вашите финансии се подобруваат, но односите со колегите се влошуваат.

Партнерот денес не ве поддржува во голема мера. Можеби ќе се чувствувате лошо поради тоа, но потрудете се барем да излезете со пријателите.

Внимавајте на исхраната.

Лав

Работите со колеги кои ве обожаваат, а тоа влијае и на квалитетот на работа која ја извршувате. Денеска ве очекуваат нови активности во кои ќе уживате.

Ќе имате впечаток дека една личност не е свесна за тоа што го чувствувате за неа. Ќе морате да бидете подиректни.

Здравјето е добро.

Девица

Не сте во можност многу да избирате, но функционирате во одличен професионален амбиент кој денес ќе ве направи особено среќни.

Во љубовта ве мачи еден Лав, но не треба да го дозволувате тоа.

Под стрес сте.

Вага

Колегите го обожаваат вашиот карактер, но деновиве како да се одалечувате од нив. Не е лоша идеја да се справувате подобро со обврските.

Можно е денеска да се појави нова интересна личност во вашиот живот која воопшто нема да ја забележите.

Можен е пад на имунитетот.

Шкорпија

Можеби премногу очекувате од себе. Не уживате во работата ни од тоа што ви го пруша таа овој период.

Имате потреба премногу да се браните на полето на љубовта, а не сте свесни колку тоа ве измачува.

Потребен ви е лекарски преглед.

Стрелец

Не можете многу да бирате во работата, но можете и многу да добиете. Вие сте сепак среќна личност која се занимава со неважни детали.

Верувајте им на луѓето околу вас, особено оние кои се родени во водени знаци. Не се замарајте со неважни и минливи работи.

Грижете се повеќе за своето здравје.

Јарец

Ќе бидете задоволни со својата работа и одлично ќе се поставите кон колегите, кои ви даваат ветер во грб.

Мислите многу на една личност, но се уште не се осмелувате да и го покажете тоа.

Се чувствувате одлично.

Водолија

Вашето поле на тајни непријатели е многу лошо поставено и затоа треба да сте внимателни. Внимавајте на одредени мали детали.

Флертот не е доволен и ви треба вистински чекор за да и покажете на личноста која ви се допаѓа дека сакате нешто повеќе од неа. Имате чувство дека се вртите во круг.

Внимавајте на стресот.

Риби

Полето на работа се активира и денес ќе се чувствувате дека не можете да кренете глава од обврски.

Не влегувајте во непотребни конфликти, бидејќи нема да се толку безопасни колку што мислите.

Внимавајте на здравјето.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password