Гром ја погоди највисоката зграда во Европа: Спектакуларна глетка за време на страшното невреме
Во приморскиот округ на Санкт Петерург во саботата вечер гром удрил во громобранот на “Лахта Центарот”, односно највисоката зграда во Европа.
За време на страшното невреме, обемните дождови, грмотевиците и ветерот направија вистински хаос во градот, а корисниците на социјалните мрежи забележале величествени глетки од “играта” на молњата и громотевицата, помеѓу кој и ударот на гром во највисоката зграда во Европа.
За среќа, за време на невремето никој не бил повреден, а саботното невреме било едно од најсилните за оваа година.