Џејми Оливер банкротираше, немам повеќе пари

Оливер призна дека нема да има доволно пари за да ги покрива трошоците на неговиот ланец ресторани Jamie’s Italian доколку тие имаат понатамошни потешкотии во работењето.

Тој одвои 13 милиони фунти од неговиот џеб за да ги одржи во живот преостанатите 23 ресторани, откако претходно мораше да затвори 12 од нив поради акумулиран долг од 71,5 милиони фунти.

„Немам уште многу пари за да ги инвестирам во нив. Постои граница која не смеам да ја преминам, бидејќи не смеам да ги ризикувам останатите бизниси и животите на луѓето кои работат во нив“, вели Џејми Оливер.

Британскиот готвач кој се прослави преку телевизиското шоу „The Naked Chef“ зад себе остава една тешка година од животот, во која работите не му одеа од рака како што беше случајот досега. Оливер вели дека неговиот бизнис со ресторани повеќе не е „на апарати“ и полека заздравува, но потенцираше дека во иднина мора да биде многу претпазлив за да спречи потенцијален банкрот и пропаѓање.

„Полека излегуваме од тешката ситуација и сметам дека научивме неколку лекции од овој проблем. Мислам дека во иднина ќе бидам многу подобар шеф и угостител токму поради оваа ситуација“, вели Оливер.

Повеќе од 600 работници ја загубија работата во јануари кога Џејми Оливер реши да затвори 12 ресторани од ланецот Jamie’s Oliver за да може да го одржи бизнисот, кој се соочуваше со големи финансиски проблеми.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password