Цеца и Аца Лукас ставија крај на пријателството

Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас ненадејно престанаа да се дружат и да се посетуваат, иако изминативе години тоа им беше редовна практика. Во прилог на тоа оди и фактот што пејачите се отследија на Инстаграм и повеќе не разменуваат „лајкови“. Лукас последен пат лајкувал објава на Цеца на 20 јануари годинава, а Цеца на Лукас точно еден месец подоцна. Инаку, пејачот на Инстаграм следи 20-тина колеги, но Цеца веќе не е меѓу нив. Ист е случајот и од нејзина страна.

Цеца и Аца се сакаа и се почитуваа како брат и сестра. Во најдобрите и во најлошите околности, секогаш беа еден покрај друг, поддржувајќи се, особено во приватниот живот. Не постоеја родендени, слави и, генерално, прослави на кои не одеа еден кај друг. Дури и нивните деца се зближија и се дружеа. Меѓутоа, сега се’ е поинаку. Во почеток на декември речиси престанаа да се слушаат по телефон, а немаше можност ни да се сретнат на снимањата. Со месеци не се видени заедно дури ни на собиранките на заедничките колеги и пријатели, а Цеца воопшто не го спомнува. Исто е и со Лукас, кога и да се спомне Цеца, тој ја менува темата. Не зборува лошо за неа, туку едноставно ја избегнува темата“, раскажа извор близок на фолк-пејачите.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password