Бидете во тренд: Kои десет бои ќе бидат „ин“ оваа есен
Секоја сезона си го повлекува прашањето на кое веќе е време да го добиеме одговорот: Која боја на облека ќе биде во мода оваа студена сезона?
Што ги очекува дизајнерите и будните следбеници на модата насекаде низ светот?
Погледнете ги најмодерните бои и нијанси за оваа сезона и изборот на модните дизајнери.
Кадифено сина
Оваа нијанса е нешто помеѓу сина и сива. Изгледа истовремено богато и топло, а најдобро одговара на кадифе.
Замрзнато сина
Небесно сребрените бои се совршени за девојки кои важат за зимски убавици, со руса коса и сини или сиви очи.
Пепелаво сива
Сивата боја веќе неколку сезони е омилена за дизајнерите и активно ја користат во сите нивни колекции.
Црвена
Оваа сезона, нема место за неонските бои и нијанси. Сите бои поминуваат низ филтер кој го намалува нивото на агресија во нив. Дури и црвената боја, која сега изгледа многу благородно.
Боја на кафе со млеко
Една од класичните нијанси што секогаш прави секоја жена да изгледа убаво. Универзална е и одговара на сите девојки, а ќе додаде хармонија на секоја комбинација.
Нежна бордо боја
Бојата на вино веќе освои значителна група на фанови, но сите сакаат да биде во понежна форма. Затоа е направена специјална боја, многу слична на бојата на вино, но во понежна варијанта.
Смарагдно зелена
Длабоко, убаво и неверојатно стилски! Оваа нијанса може да биде опишана во неколку зборови. Идеална е за девојки со есенски стил на облекување, со коса во боја на оган и темни или зелени очи.
Сенф боја
Ниту една жолта нијанса во есен-зима колекциите не е досадна, па и оваа сезона нема да биде изоставена.
Костенлива
Кадифе, антилоп и кожа се на првото место во сите колекции, без исклучок. Овие материјали изгледаат прекрасно во кафено-црвена нијанса.
Освежителна боја на јоргован
Ова е очигледно една од есенските нијанси која целосно се истакнува во есенските и зимски палети на бои. Таа е светла, освежителна и само за храбрите. Одговара на оние кои не се плашат да експериментираат со својот изглед и сакаат да се издвојат од толпата.