Зелен картон ќе има секое возило

Зелената карта ќе се спои со полисата за автоодговорност која секое возило треба да ја има при годишната регистрација на самото возило, вели првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски. Ова ќе произлезе од потребата и Македонија да ја усогласи законската регулатива со ЕУ директивите и до крајот на 2019 година да има нов закон за оваа област. Во интервју за МИА, Попоски вели дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.

„Во периодот што доаѓа имаме неколку предизвици во делот на регулативата пред се заради усогласување со ЕУ регулативата. Таа е една револуционерна регулатива бидејќи се зголемуваат барањата на друштвата за осигурување во делот на поефикасно управување со ризиците, се зголемува нивото на потребен капитал, зголемено е и нивото на транспарентноста и зајакнато е пред се корпоративното управување. Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, вели Попоски.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password