За пет отсто се зголемуваат платите во образованието
Вработените во градинките, училиштата и болниците ќе
имаат зголемување на платите за пет отсто. Покачувањето почнува од септемвриската плата
што ќе се исплати во октомври.
Ова на денешната заедничка прес-конференција во Владата го соопштија министрите
за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган
Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми и Мила Царовска.
Министерот Тевдовски информира дека оваа промена ја најавиле уште со Буџетот за 2018
година, кој беше донесен минатата година.
– Јасно ни е дека не се работи за голема промена. Промената е согласно со можностите, но
насоката е јасна. За Владата зајакнувањето на јавното здравство и образованието е приоритет.
Образованието и здравството се темели на општеството и не смееме да дозволиме земјата да
биде на дното на ПИСА-тестовите и не смееме да дозволиме докторите да се иселуваат или
да си одат од јавното здравство. Ние сме решени да вложуваме во човечкиот капитал,
потенцира Тевдовски