Водовод части: Нема камати за заостанатите долгови

JП Водовод и канализација – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

– Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15 октомври до 3 ноември 2018 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, се наведува во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password