Утре одложување на законот за пазари

Утре во Собранието пратениците ќе треба да донесат одлука за одложување на законот за трговија на зелените пазари. Првично е предвидено законот да се одложи на една година, односно до први јануари 2020-та година. По реакциите во јавноста и протестот на пазарџиите власта призна дека донела закон кој не е спроведлив на терен.

Пратениците и од власта, но и од опозицијата овој пат се со идентичен  став, а тоа е дека ќе треба да се изготви ново законско решение кое ќе биде во корист на сите засегнати страни. Пазарџиите излегоа со најостри реакции поради обврската да се лиценцираат и да плаќаат за здравствено и пензиско осигурување.

Дополнително трговците не се согласуваат со одлуката пензионерите да немаат право да продаваат. Сега се најавуваат јавни дебати и вклучување во изработка на нов закон на сите инволвирани страни.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password