Уште се договара цената на надоместокот за чување на нафтените резерви

Економскиот тим на Владата  и пред се Министерството за финансии работи на решавањето на проблемот со надоместокот за складиштење на нафтените резерви кој постои со години и наша интенција е да биде затворен што побрзо, но притоа се водиме правилникот за чување на нафтените резерви да ги штити интересите на граѓаните, порача денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата посочи дека проблемот сигурно ќе биде затворен годинава и притоа, како што кажа, ќе се определи цена која е во интерес на граѓаните.

-Настојуваме правилникот да биде донесен што побрзо, но правиме се да го заштитиме интересот на граѓаните. Наша интенција е граѓаните да плаќаат што е можно пониска цена, потенцира Тевдовски.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password