УЈП распродава возила, компјутери, мотоцикли по евтини цени
Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на движни и недвижни ствари.
Како што се посочува на веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk, можете да ги видите активните аукции, да вршите on-line разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
Градежни земјишта, автомобили, станови и деловни објекти се дел од движните и недвижни предмети за кои Управата за јавни приходи објави повик.
Од она што е забележливо може да најдете телевизори за 11 илјади денари, но и мотоцикли и компјутери а печатари и томографи, потоа машини за шиење, кроење и слично.
Повеќе информации во врска со аукцијата, може да најдете овде.