Шилегов ќе блокира сметки

Град Скопје ќе почне присилна наплата на данокот на имот за годините од 2013 до 2017 година, информираат службите.

„Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски. Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот, стои во известувањето.

Од Град Скопје велат и дека годинава во март испратиле опомени за неплатен данок на имот на сите даночни обврзници.

„Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки, стои во соопштението.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password