Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите
Ако еден рудар сега се пензионира на 58 години согласно новите законски измени кои добија амин од собранието, рударите ќе одат во пензија на 50 години.
Долгогодишните барања на рударите се прифатени а согласно владината програма рударите во пензија ќе одат со навршени 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени.
Новите измени на сила ќе стапат веднаш кога ќе бидат објавени во Службен весник.
-Со овие измени во законот им излегуваме пресрет на барањата на рударите кои со години наназад го бараат ова-, велат од Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.