СБ: Македонската економија закрепнува
Македонската економија значително закрепна во однос на
2017 година и се гледаат позитивни движења поддржани од приватните инвестиции и
потрошувачката. Се очекува годинава економијата да забележи раст од 2,5 проценти,
следната 2,9, а во 2020 година 3,2 отсто. На ваквите очекување може да влијае нарушувањето
на реформскиот процес под влијание на изборните циклуси и неисполнување на фискалната
консолидација.
Ова е оценката на Светска банка во редовниот економски извештај за Западен Балкан, што
денеска беше презентиран во Канцеларијата на оваа меѓународна финансиска институција во
Скопје.
– Македонија забележа најголем напредок од шесте балкански земји. До 2020 година се
очекува постепен раст, меѓутоа чувствувителноста на претпоставките за нашиот изглед е
забрзување на процесот на пристапување во ЕУ и одржаниот момент на реформите, рече
директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, додајќи
дека ќе ги следат состојбите и ќе ги земат предвид при следните проекции.