Рот: Договорот е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО

Македонија испишува историја, не само национална туку и
европска. Со Договорот потпишан со Грција за надминување на разликите околу името имаме
уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО. Би сакал што посокоро македонските
пријатели да ги видам во групата пријатели обединети во двете асоцијации, истакна денеска во
Охрид државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот кој се наоѓа во
работна посета на Македонија.
– Би сакал да ги охрабрам луѓето во вашата прекрасна земја да ја прифатат оваа историска
можност. Доколку го поддржите договорот, тоа ќе биде значаен знак дека Македонците се
силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството, тие ќе
станат круцијален дел на обединета Европа. Мора да ја продолжиме нашата соработка,
нашето пријателство, заедничките обврски, така што сум голем оптимист во таа насока,
истакна тој.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password