Повторно поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска
објави дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што
беше објавен на 13 септември годинава.
На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека до крајниот рок е
доставена само понуда од Визер, но таа не одговара со условите и критериуимите во
тендерот.