ПОВЕЌЕ ОД 8.000 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Во кој регион најлесно ќе најдете работа?
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.35 проценти, по што следи Источниот со 2,2 проценти, Југоисточниот со 1,83 проценти, Југозападниот со 1,70. Во Скопскиот регион стапката на слободни работни места е 1,5 проценти.
Во Полошко има 1.56% слободни работни места, а во Североисточниот регион се 1.49%, додека во Вардарскиот регион има 1.30% слободни места.
Податоците од Државниот завод за статистика, покажуваат дека во Македонија има 8.459 слободни работни места, од кои најголем дел, 3.264, се во групата „работници во услужни дејности и продажба“.
Највисока стапка на слободни работни места од 2,44 проценти имаат фирмите со три до девет вработени.
Стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,67 проценти.
Во групата „техничари и средни занимања“ има 1.172 слободни работни места, па „ракувачи и составувачи на машини“ со 1221 работно место. За службеници има слободни 858 работни места.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот „административни и помошни услужни дејности“ и таа изнесува 5,08 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде е 0,21 процент.