Поскапеа горивата, од денеска нови цени
Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат во просек за 1,28%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/литар и ќе изнесува 68,50 ден. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за 0,50 ден/литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 70,50 ден/лит, а дизелот по цена од 63,00 ден/литар.