Погледнете го најдолгиот автобус на светот

BYD го претстави K12A, најдолгиот електричен автобус во светот, со должина од 27 метри. Црвениот автобус изгледа како џиновска гасеница, а во него има место за 250 патници. Достигнува брзина од околу 64 километри на час.

Автобусот е тргнат кон Колумбија каде ќе биде дел од брзиот транзитен систем. Во јануари BYD го лансираше најголемиот електричен двокатен автобус во светот.

Оваа кинеска компанија произведе повеќе од 50.000 автобуси на струја во изминатите 9 години.

Embedded video

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password