Плус четири дена годишен одмор за пушачи кои непушат на работа, бонус од британска компанија

Вработените во Агенција за  вработување во англискиот град Свиндон добиле четири дополнителни дена за годишен одмор под услов  да не пушат на работа.

Агенцијата „KCJ Training & Employment Solutions“ од Свиндон сака да ги награди работниците кои не пушат, место да ги казни пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден ја вовел оваа мерка, иако и самиот е пушач.

– Ја донесоа и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата – рече тој.

„Никого не десикриминирам“, рече тој и додаде дека нема ништо против паузите за пушење, нити работниците ги тера да престанат со таа навика .

– Меѓутоа, ајде да кажеме дека секој од нив прави по три паузи за пушење дневно. Тоа е еквивалент на 16 работни дена и два часа годишно доколку работниот ден трае осум часа – ја појасни Брајден својата идеја.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password