Овие две недели возиме со поскапи горива

Почнувајќи од полноќ па се до следните две недели, возачите ќе точат горива по нови цени.

По последната одлука на регулаторната комисија стана јасно дека поскапуваат само бензините , додека дизелот останува со иста цена.

Тоа значи дека Еуросупер БС-95 бележи раст на цената од пола денар и ќе се точи по 62,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар и возачите со ова гориво ќе полнат резервоари за  64,50 денари.

60 денари по литар е цената на дизелот кој не претрпе промени.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password