Оперативниот план за вработување за 2019 изнесува 1,1 милијарда денари
Таа соопшти дека се готови 91 процент од оперативниот план за следната година, на кој заеднички работи тим на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заедно со Агенцијата за вработување, Фондот за иновации, стопанските комори и Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓуше, во изминатите денови на заедничка средба во Велес.
– Се обидуваме да креираме план кој ќе може да ја зголеми вработливоста кај граѓаните, а од друга страна и да му помогне на бизнис секторот да има поголема апсорција на оние кои што ќе се подготват да бидат вработени во нивните фирми. Сето тоа затоа што поврзувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд е детектирана како најголем проблем во изминатите две години. Како Влада сакаме да го надминеме тоа, и навистина да понудиме она што му е потребно на општеството, со цел поголем економски раст и развој – нагласи Царевска.