Од полноќ драстичен пад на цените на горивата
Првиот човек на регулаторна најавува нов пад на нафтените деривати.
Марко Бислимовски потенцира дека од полноќ цената на бензините и дизелот ќе се намали.
Како што открива Бислимовски бензините ќе паднат за 4,5 денари додека дизелот за три денари.
Ќе се намали и цената на екстра лесното гориво за 3,5 денари.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски образложува дека најголемите досега намалувања се должат на трендовите на берзата за нафта посочувајќи дека регулаторното тело само ја рименуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година.
И претходните две недели цените на нафтените деривати забележаа пад.