Манчевски: Тој што не работи нема што да бара во администрацијата

Со буџетот за следната година е предвидено зголемување платите на вработените во администрацијата за пет проценти, ќе има и нови вработувања, но тие секако ќе треба да го следат трендот на излез на администрацијата. Имаме превработеност во администрацијата, но и недостаток од професионален кадар. За тоа мора да најдеме решение со мерки и политики кои ќе не доведат до тоа.

Тоа го изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, коментирајќи го повисокиот износ во  буџетот за плати и нови вработувања во администрацијата и најавите за реформи на администрацијата.

На крај на следната година ќе има понуда до дел од вработените во администрацијата да заминат во приватниот сектор, а тоа, според Манчевски, ќе биде доброволно за тие што ќе ги прифатат критериумите.

Ќе дадеме, најави Манчевски,  поголема плата, но и ќе бараме многу повеќе работа. Администрацијата мора да стане ефикасна служба на граѓаните и се додека граѓаните не го сменат мислењето за администрацијата имаме проблем, нагласи Манчевски, укажувајќи дека тоа ќе се направи со дигитализација на процесите и со реорганизација.

– За оној кој не работи нема потреба да зборуваме за реформа.Тој што не работи едноставно нема што да бара, нагласи Манчевски.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password