Манчевски: Помалку управни одбори и помали трошоци на администрацијата
Реформите на јавната администрација
продолжуваат со спроведување на хоризонтална функционална анализа.
Тоа значи дека конечно во Македонија ќе воведеме ред во хаосот.
Институциите ќе се реорганизираат, при што е можно да се појави и
потреба од укинување на некои институции, намалување на бројот на
управни одбори, односно намалување на трошиоците за
администрацијата.
Ова денеска го изјави министерот за информатичко општество и
администрација Дамјан Манчевски, на конференцијата „Современите
предизвици во јавната администрација и улогата на партнерство запостигнување решенија“, што се одржува заедно со Центарот за државни
служби во Астана, Казахстан.
– На подолг рок тоа ќе значи и ревизија на законот за организација на
органите за државната управа. Можеме да очекуваме дека во текот на
спроведувањето на оваа реорганизација, ќе се појави потреба од
укинување на некои институции, намалување на бројот на управни
одбори, односно намалување на трошиоците за администрацијата, истакна
Манчевски.