Колку пари ќе има за МРТ?

Граѓаните треба да имаат јасна слика на што се трошат нивните пари, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред и официјално да ги соопшти буџетските проекции на МИОА за 2019 година.

На прес-конференција во Владата Манчевски информира дека буџетот на Министерството за идната година ќе тежи вкупно 1,55 милијарди денари што е мал пораст од лани, а најголемиот дел од средствата, 1,2 милијарди, се наменети за финансирање на МРТ, Македонската радиодифузија и АВМУ.

Според министерот, за реформи на јавната администрација се предвидени 66,3 милиони денари. Составен дел на буџетот се и 2,4 милиони денари за Електронскиот регистар на население.

-Со поддршката, МРТ, МРД и АВМУ добиваат предвидливи средства за да ја планираат програмата и да бидат автономни во уредувачката политика, истакна Манчевски.

Нагласувајќи дека повеќето проекти што ги реализира Министерството се поддржани од ЕУ, министерот најави и нова стратегија за широкопојасен интернет што треба да биде готова до крајот на оваа година, а до средината на идната  треба да се изготви и ИКТ стратегија.

„Повеќе пари за граѓаните“ е мотото под кое министерот Манчевски ги презентира средствата од буџетот на МИОА за 2019 година.

Одговорајќи на новинарски прашања, Манчевски беше дециден дека во 2019 година нема да има вработувања по Рамковен договор. За тоа, како што рече,  не се предвидени пари во буџетот, но ќе се земе предвид правичната застапеност. На ова прашање упати да се побара одговор од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password