Како „Прокредит банка“ ја подобрува пазарната позиција?

Намален трошок за резервации, значајно зголемени останати приходи резулт

 

 

ираа со раст на добивка во услови на намалени нето приходи од камати и статус кво на нето приходи од провизии и надоместоци

„Прокредит банка“ лани успеа да ја зголеми добивката иако има пониски приходи од камати, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија. Најзначаен потег е продорот со зголемувањето на кредитното портфолио (н.з. други коминтенти) за 26,8 милиони евра до ниво од 287 милиони евра со што банката значајно ја зголеми својата пазарна позиција во конкуренцијата на средни банки. Паралелно со тоа банката успеа да акумулира и додатни 12 милиони евра депозити и нејзината депозитна база достигна вредност од 249,5 милиони евра во крајот на 2017 година.

Како работеше „Прокредит банка“ лани?

Нето добивката на 2017 година е 4,75 милиони евра и таа е повисока за 350.000 евра од нето профитот што банката го оствари во 2016 година. Многу е важно тоа што оваа добивка е направена во услови на намалени нето приходи од камати и статус кво на нето приходи од провизии и надоместоци. Нето приходите од камати лани изнесуваа 11,53 милиони евра, а беа пониски за 866.000 евра од 2016 година. Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваа 3,54 милиони евра и бележат незабележлив раст. Во такви околности менаџментот на банката усева да ги намали резервациите во споредба со 2016 година или поточно да го преполови тој трошок. Нивниот износ на крај на 2017 година е 924.500 евра и е за 1милион евра понизок од износот наменет за тоа во 2016 година. Значајно зголемување има кај останатите приходи. Тие достигнале 941.000 евра, а се зголемени за 391.000 евра.

Сепак најзначаен потег е зголемувањето на кредитирањето. Кредитната база на оваа банка порасна до 287 милиони евра, а лани беше 268 милиони евра. Значајно да се истакне е тоа што оваа банка до лани немала политика да вложува во хартии од вредност, а лани во однос на 2016 година и значајно се намалени вложувањата односно позајмувањата на други банки. И тоа од 350.000 евра во 2016 година до помалку од 100.000 евра на крајот на 2017 година.

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password