Како ќе се трошат буџетските пари?

По жестоки натегања меѓу власта и опозицијата , ребалансот на буџетот го помина собранискиот филтер.

53 гласа за и 13 против му дадоа зелено светло на ребалансот со кој се предвидуваат три милијарди денари за долговите на општините но и повеќе пари за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.

Додека експертите критикуваа дека со ова се поддржува неодговорноста на градоначалниците, министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека ова е поддршка за сега. Во иднина ќе се обезбедел и воспоставил механизам за проблемот со задолжувањето веќе да не се повторува. Според него, ќе се вбризга ликивдност кај фирмите и ќе се направи простор за нови проекти.

Општините, ќе може да ги проектираат сопствените приходи на основниот буџет со најмногу 10 отсто раст од просечната реализација во последните три години.

Македонија треба да врати во 2020 и во 2021 година дури 833 милиони евра, пари кои државата ги позајмила за да го финансира буџетскиот минус во претходните години, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, образложувајќи го ребалансот на буџетот.

Тевдовски рече дека во јануари годинава државата предвремено вратила речиси 92 милиони евра, со што како што вели, бил намален износот за рефинансирање во 2020 година, а притоа била остварена и заштеда во каматни исплати.

„Особено значајно е да се знае дека во 2020 и 2021 година ќе имаме за враќање околу 833,3 милиони евра само по основ на три големи претходни задолжувања. Еврообврзница од 178,3 милиони евра издадена во 2015 година, евро-обврзница од 500 милиони евра издадена во 2014 година, и втора рата од PBG заем од 2013 година во износ од 155 милиони евра, плус други отплати на долгови на домашен и странски пазар“, рече Тевдовски, кога го образложуваше ребалансот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password