Иновацијата еден од најважните двигатели на економскиот раст

Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот раст во современите економии. Заштитата, пак, на иновациите, односно правата од интелектуална соспственост е исто така услов за развој на економијата преку зголемен број странски инвестиции, беше речено на денешната конференцијата „Трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост во Република Македонија“, организирана по повод 25-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.

– Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот развој во една земја, особено на среднорочен и долгорочен план. Истражувањата говорат дека бројот на директни странски  инвестиции е во правопропорционален сосоднос со степенот на заштита на правата од интелектуална соспственост, однсно колку повеќе државата ги штити правата од индустриска сопственост, толку повеќе ќе може да смета на странски инвестиции, рече во обраќањето министерот за економија Крешник Бектеши.

За да се зборува за квалитетна промоција на иновациите и за соработката со останатите земји, според него, треба да има издржана правна и политичка рамка. Македонија, потенцира Бектеши, има регулатива хармонизирана со меѓународните стандарди, а тоа овозможува ефикасна заштита и поголема правна сигурност за странските компании и подобрување на инвестициската клима во земјата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password