Државата ќе ви го врати сиот платен данок: Од 10 до 12 октомври – викенд без ДДВ
Викендот без ДДВ кој е планиран за празничниот викенд од 10 до 12 октомври впрочем треба да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“. Премиерот Зоран Заев го промовираше денеска објавувајќи го четвртиот пакет антикризни мерки тежок 470 милиони евра. Целиот пакет содржи 31 мерка.
Граѓаните кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ, рече Заев.
Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои, како што рече Заев, ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.