Царовска:Примателите на парична социјална помош ќе ги вратиме на пазарот на труд

Со реформите во социјалата главна цел ни е
примателите на парична социјална помош да ги вратиме на пазарот на труд, рече денеска
министерката за труд и социјална политика по посетата на Центарот за социјални работи во
Струмица.
Според неа, Македонија е една од ретките земји каде имаме огромен број на невработени, а
при тоа има и огромен број на барања за вработувања во бизнис секторот.
– Тоа значи дека треба да имаме поврзување, а со интегрираниот систем на управување со
случаи токму тоа сакаме да го постигнеме, и сигурна сум дека со заеднички напори со
нововработените, но и оние кои имаат искуство и со директори кои се посветени на работата
во центрите со овој реформски пристап ќе постигнеме многу повеќе за сите граѓани кои досега
живееја во сиромаштија, рече министерката Царовска.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password