Бектеши сигурен дека ќе има продавачи на зелените пазарчиња

Крешник Бектеши, министерот за економија, вели дека на зелените паџарчиња ќе има продавачи и во 2019-та за кога стапува во сила новиот закон за трговија со кој овие работници ќе треба да имаат сопствена лиценца и нема да смејат да работат како пензионери и вработени на друго место.

Од Стопанската комора вчера предупредија дека во моментов има од 20.000 до 25.000 на тезгите, но од Нова Година ќе се намалуваат и може да се скусат за 6.000 доколку не се направат законски измени.

Бектеши рече дека брзо ќе се интервенира со измени и дополнувања доколку дојде до несакани последици, а засега законското решение останува со примена од 1 јануари. До Нова Година има уште две недели а тоа според министерот е недоволно време за „ревизија“.

Тој најави дека оваа недела ќе има средба со Комората на пазарџии за да поразговара околу нивните забелешки и предлози што ги добил дури вчера. Измени на

– Мора да се има предвид дека треба да почекаме и да виидме како ќе се спроведе новиот Закон. Во моментот кога ќе констатираме заедно со коморите дека има недостатоци, секако ќе направиме измени и дополнувања, објасни Бектеши.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password