Бектеши: Годинава над 53 милиони денари за малите и средни претпријатија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги промовираше мерките од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2019 година, за која од година во година расте интересот кај бизнис заедницата, со оглед на максималниот степен на реализација на средствата од оваа програма. Годинава е обезбедено и зголемување на средствата за таа намена во оваа програма, која е збогатена со нови мерки на барање на бизнис заедницата, согласно нивните потреби за зголемување на нивната конкурентност, а со тоа и конкурентноста на македонската економија.

„Сакам да напоменам дека оваа програма во континуитет бележи зголемување на буџетот, согласно популарноста на мерките во неа и интересот на малите и средните претпријатија за користење на средствата од овие мерки. Ќе потсетам дека во втората половина од 2017 година, со ребалансот на буџетот овие средства ги зголемивме за цели 180%, односно тогашните 10-тина милиони денари ги дополнивме со нови 16 милиони, па претприемачите имаа на располагање солидна сума од 25 милиони денари, со која на над 150 бизнис субјекти им помогнавме барем малку да ги подобрат своите бизнис перформанси. Во 2018 година таа поддршка повторно ја зголемивме, односно бизнис субјектите  имаа на располагање на 47 милиони денари, а годинава имаат дури нешто над 53 милиони денари. Оваа Програма содржи 3 дела, и тоа за мерки за МСП, за мерки од индустриска политика, за кластерско здружување, а од годинава имаме и нов дел, тоа се мерки за општествена одговорност“, рече Бектеши на пресот.

Притоа за мерките во делот на МСП обезбедени се 41.280.000 денари, што претставува зголемување од речиси 3 милиони денари од минатата година, и тоа  за кофинансирање на проекти за поддршка на претприемништвото, МСП и занаетчиството, обезбедени се средства за проекти на граѓанскиот сектор и коморите,  кои се во насока на остварување на целите зацртани во двата стратешки документи: Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023, како и Стратегијата за женско претприемништво. Притоа, за разлика од минатата година, оваа година максималната сума по проект е зголемена на 450.000 денари за поддршка на претприемништвото и 300.000 денари по проект за поддршка на занаетчиството со цел да се добијат што поквалитетни проекти кои ќе придонесат кон поттикнување на претприемништвото и унапредување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и промоција на занаетчиството.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password