Автомобилите поскапуваат следната година

Пораст на цената на новите автомобили во просек за 2,6 отсто во 2020 година ќе предизвикаат новите ригорозни стандарди за производство на возила со кои емисијата на јаглерод диоксид (CO2) на километар се ограничува на просечно ниво од 95 грама, проценуваат експерти.

Овие правила стапуваат на сила од следната година, а казната за производителите кои нема да произведат возила по стандард ќе биде 95 евра за грам емитуван јаглерод диоксид.

Само 5 отсто од возилата, според правилата на ЕК, ќе можат да имаат поголема емисија на јаглерод диоксид од планираното.

Просечната емисија на CO2 на нови автомобили продадени во ЕУ во текот на 2018 година изнесуваше 120,6 грама на километар, а доколку е така во 2020 година, производителите ќе треба да платат огромни казни.

Експертите проценуваат дека казните ќе се движат од 20 до 35 милијарди евра, а тие ќе се пресметаат врз основа на бројот на продадени, а не произведени автомобили.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password