Анѓушев на средба со претставници на ММФ

Со економските резултати во првиот квартал и мерките од програмата за економски реформи 2019-2021 денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги информира Џесмин Рахман, шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд и Себастиан Соса, раководител на канцеларијата на ММФ во земјава.

Рахман е во годишна мисија за спроведување на годишниот економски преглед.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот, тој истакна дека во првиот квартал на 2019 година е забележан раст на домашниот бруто производ од 4,1%, како резултат на континуирани и комплементарни економски мерки со кои се стимулираат нови инвестиции, технолошки развој и внесување на иновации во компаниите, отворање на нови работни места и повисоки плати.

Анѓушев дополни дека растот на БДП во првиот квартал е резултат на реалната економија, растот на индустриското производство од 6,7%, растот на извозот на компаниите од 14,7%, отворените над 50.000 работни места во последните 2 години, од кои 16.700 само во првиот квартал на 2019 година, како и раст на платите од околу 6% на годишно ниво.

За време на состанокот беа презентирани мерките од програмата за економски реформи 2019-2021, со кои дополнително ќе се подобри бизнис климата во земјата и ќе се стимулира повисок и одржлив економски раст на земјата.

Претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Рахман, информираше дека се отвора нова регионална канцеларија на резидентен претставник за зајакнување на односите со Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, со седиште во Виена. Со оваа канцеларија ММФ тежнее за одржување на блиски релации со четирите земји, како и со донаторите, меѓународните институции, вклучувајќи ја и Светска банка и австриската Влада, која е важен трговски и развоен партнер на регионот на Западен Балкан.

Новата регионална канцеларија ќе биде раководена од Стефани Ебле, која во моментов е шеф на мисијата на ММФ за Косово. Ебле претходно работела на Украина, Грција, Србија и Босна и Херцеговина. Таа ќе ги надгледува локалните тимови во постојните канцеларии во Албанија, Косово и Северна Македонија, кои ќе продолжат со работа и понатаму, се наведува во соопштението на ММФ.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password