Ако е студено, може да има парно од понеделник
Иако е забележан пад на утринските и вечерните температури, според Регулаторната комисија за енергетика, грејната сезона нема да започне пред први октомври. Исто така, ако почне на први октомври или макар и ден порано од предвиденото, тоа ќе се одрази на висината на сметките.
Претседателот на комисијата Марко Бислимовски вели дека оваа одлука може да биде променета само ако температурите по 21 часот се спуштат под 12 степени. Сè останато би било непотребно започнување со вонредна работа на топланите во Македонија.
Бислимовски вели дека се подготвува нова методологија во која може да се вметне грејната сезона да почнува и пред први октомври, но мора да се видат финансиските импликации.