Владата го презентира Планот-18
Иако имавме динамичен политички период, реформите не се занемарени, рече заменик-премиерот, Бујар Османи на почеткот на излагањето на владиниот реформски План-18.
Прв од министрите говореше првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, кој ги претстави реформите во Агенцијата за следење на комуникациите.
По него министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека е изготвен предлог за измени во кривичниот законик за дела предизвикани од омраза по различна основа. Дескоска оцени дека казнувањето по тој основ треба да биде поостро, а се осврна и на други точки од правниот систем