За да ги задржат работниците ќе ги зголемуваат платите

Во последниве години, новите членки на ЕУ се соочуваат со голем проблем – недостаток на работници! Милиони млади луѓе, со пасош во своите раце, одат да работат во развиените земји на ЕУ. Источниот блок остана без лекари, градежни работници, инженери … Поради масовно иселување, бројот на невработени во нив падна на само три до четири проценти.

Проблемот го решаваат со зголемување на платите на вработените. Во прилог им оди што речиси сите земји на Централна и Југоисточна Европа имаат високи стапки на економски раст од четири до пет проценти годишно.

Според податоците од нивните национални статистички канцеларии во Унгарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија, платите се зголемуваат со стапки од осум до 15 проценти годишно.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password