Раст во сите сегменти од работењето на НЛБ Банка

Во периодот јануари-септември 2019 година, НЛБ Банка АД Скопје оствари нето добивка во износ од 1.455.738 илјади МКД, што е за 21 % над планот, што се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.247.641 илјади МКД и се пониски за 11,6% во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот се пониски за 2,8%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.431.169 илјади МКД и се повисоки за 6,8% при што трошоците за вработени се повисоки за 4,5%, трошоците за амортизација се пониски за 13,6%, останатите расходи од дејност се повисоки за 14,4% во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот вкупните оперативни трошоци се повисоки за 0,9%.

Нето добивката на Банката заклучно 30.09.2019 година изнесува 1.455.738 илјади МКД и е пониска за 21,6% во однос на  истиот период претходна година поради остварена добивка од продажбата на НЛБ Нов Пензиски фонд во март 2018. Во однос на планот нето добивката за периодот е повисока за 21,0%.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password