Полјакот Михал Весолек е двоен добитник на наградите на натпреварот Huawei next-image

Михал Весолек, талентираниот аматер од Полска, беше прогласен за добитник на Grand Prize и добитник на наградата “Најдобар во категоријата”, за категоријата “Good Night” на вториот натпревар HUAWEI NEXT-IMAGE. Неговата фотографија “Caught in a beam of light” е досега најсреќната фотографија на Весолек. Тој ја освои и првата награда во категоријата “Good Night” на Next Image Awards CEE&Nordic Edition

 

Приказната зад победничката фотографија

Победничката фотографија беше фотографирана кон крајот на февруари 2018 година во Гдањск, Полска. Михал Весолек раскажа: “Тоа беше последниот снежен ден оваа зима. Отидов со мојата љубов, Каролина, на вечерна прошетка. Среќа за нас, Gdańsk Shakespeare театар ја изведе јубилејната отворена изложба. Комплексот беше опкружен со скулптури и уметнички инсталации. Тоа беше момент кога забележав дека Каролина стои во зрак на светлина и се восхитува на три од нив. Така ја направив оваа фотографија.”

Станува збор за фаќање на вистинскиот момент

Global Next Image натпреварот се однесува на едно специфично поле на фотографија – направена со мобилен телефон. Тој е создаден за да ги исполни социјалните однесувања и потребите на 21 век, поради фактот што речиси секој има паметен телефон со камера во својата рака или џеб со кој може да ја долови магијата на секојдневната реалност.

 

“Самата идеја за мобилна фотографија е одлична затоа што ги извлекува луѓето надвор од домовите и ги предизвикува да откријат убавина на неочекувани места” – додава Весолек.  

Современите паметни телефони се опремени со камери кои можат да се натпреваруваат со традиционалните. “Гледајќи ги сите победнички фотографии, можете искрено да кажете дека квалитетот не се разликува од традиционалните фотографии. Лично го користам Huawei Mate 10, Huawei Mate 10 Pro и Nova за фотографирање и сум многу задоволен”, вели Весолек

Одлука на жири комисијата

Судиите беа импресионирани од разновидноста, длабочината и квалитетот на годинешните учесници во шесте категории, но беа особено импресионирани од победничката фотографија “Caught in a Beam of Light”.

“Летачките снегулки го одразуваат светлинскиот зрак во горниот лев агол, додавајќи подлабоко значење на сликата. Тие ја отфрлаат мистеријата и шупливоста на темнината изјави Ли Чангџу, Заменик претседател на HUAWEI’s Consumer BG Handsets Product Line.

За Карин Рен-Кофман, Уметнички Директор и главен претставник на Leica Galleries International, победничката фотографија е како бајка. „Мора да ја погледнете неколку пати, а таа се уште чува некоја тајна.“

 

Говорејќи за победничката фотографија, Марк Лубел, извршен директор на Меѓународниот центар за фотографија, рече: “Оваа слика е извонредна и мистериозна. Светлината ја скратува сликата на две половини од темнината, во центарот на вниманието еден човек се оддалечува од нас. Сакаме да откриеме повеќе. Оваа слика ја гледаме два или три пати. Таа нè привлекува. Ни одговара и создава прашања во исто време. ”

Победникот зема се

Добитникот на Grand Prize доби награда од $20,000, HUAWEI P20 Pro смартфон, a HUAWEI MateBook X Pro лаптоп, и воедно ќе ужива во можноста неговата фотографија да биде прикажана во многу градови низ светот. Добитниците на наградите во сите категории добија HUAWEI P20 Pro смартфон и  HUAWEI MateBook X Pro лаптоп, а сите 50 финалисти освоија Huawei P20 pro.

WES“сака фотографија

Михал Весолек познат како “WES” живее во Сопот, Полска. Дипломирал на Универзитетот во Гдањск и е со магистратура по политички науки. Од пред три години работи за неформална организација за аматерски фотографи во Гдањск, Сопот и Гдиња. Добитник е на награди и признанија на неколку натпревари: wRamachSopotu – мобилна категорија за време на фестивалот во Сопот 2018 “W ramach Sopotu”, Next Image Awards 2017 награда во категоријата “@ALL”, APligts2017 од Artystyczna Podróż – финалист, изложби во Варшава и Гдањск .

За NEXT-IMAGE натпреварот

Сите пријавени фотографии на NEXT-IMAGE натпреварот требаше да бидат направени со HUAWEI паметните телефони, а зголемената популарност на мобилната фотографија беше потврдена со повеќе од двојното зголемување на пријавите во однос на 2017 година.

Првите пет земји според бројот на пријави беа Кина, Филипини, Литванија, Полска и Унгарија – истакнувајќи ја огромната меѓународна привлечност на натпреварот. Најпопуларна категорија за влез беше “Hello, Life!”, со 35% од добиените пријави. Петте други категории, “Good Night”, “Faces”, “Check-in”, “Timeline” и “Storyboard”, исто така беа добро поддржани.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password