Илон Маск: Од Лондон до Сиднеј ќе се патува за помалку од еден час
Илон Маск си постави нова амбициозна цел – крај за долгите авионски летови. Благодарение на Спејс-Икс патничката ракета во развој, патот од Лондон до Њујорк ќе трае скоро 29 минути, а до Сиднеј – 51 минута.
Според стручните лица од швајцарската компанија УБС, намалувањето на времето на летање од 10 часа на само неколку минути, со помош на Вселената, ќе „ја канибализира“ веќе постоечката индустрија.
Според Маск, првиот таков лет ќе се случи до 2030 година, а според УБС, тогаш тој бизнис ќе чини 15 милијарди долари.
Иднината на патувањето на долги релации ќе вклучува ракета што ќе оди на работ на атмосферата на Земјата и потоа ќе се врати на Земјата. Според познавачите, веројатноста вселенскиот туризам да премине од научна фантастика во реалност е огромна, не само поради напредокот во технологијата, туку и поради соперништвото меѓу Спејс-Икс и Вирџин Галатик.
И имајќи го тоа предвид, многу хотели размислуваат да основаат свои филијали во вселенските станици.