Градежниците се жалат дека секторот тоне

Градежната комора на Македонија е во паника по серијата укинувања на Уставниот суд на новите ДУП-ови донесени од претходното раководство на општина Карпош и воведениот мораториум за забрана за градби во општина Центар и бараат начин како да „се заобиколат“ овие акти со цел да продолжи експанзијата.

Ова било денеска разговарано со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, од кого било побарано да се најде алтернативна можност „за да се решат овие проблеми“ и да се продолжи со градбите во атрактивните општини.

Министерот Сугарески рече дека се очекува да бидат донесени Законите за урбанистичко планирање и Законот за градба. Со ова, велат надлежните, ќе се решат спорните моменти во деталните урбанистички планови.

Од Градежната комора очекуваат раст во градежништвото од февруари наредната година, но нејзини претставници и претходно напоменуваа дека ако не се гради во примамливите скопски населби оваа стопанска гранка може да се прогласи како загрозена.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password