Ford дизајнираше количка за пазарење што спречува удар
Најновиот производ на Ford доаѓа во форма на количка за пазарување со тоа што во неа е вградена технологијата на производителот за спречување на удар.
Self-Braking Trolley е дизајнирана на тој начин што автоматски запира пред да удри во некој или нешто. Компанијата првенствено го дизајнираше производот со идејата децата да бидат побезбедни од причина што неретко се случува да се возат на количките по супермаркетите. Количката е дел од серијата Ford Interventions, каде е применета технологијата на производителот којашто решава проблеми што не се поврзани со
автомобили.