Се намалува данокот на личен доход во ИКТ

Четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата ќе биде објавен денеска, а дел од мерките ќе бидат даночни олеснувања за одредени сектори. Владата планира од следната година повеќе расходи на фирмите да бидат даночно признат расход. Денеска ќе бидат обелоденети дел од нив, а тие ќе бидат со важност од следната година.

Така од 1 јануари следната година расходите за приватно здравствено осигурување ќе добијат третман на даночно признат расход. Исто така ќе се сметаат и трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар. Од 1 јануари 2021 година, за даночно признат расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг.

Според планот кој ќе биде објавен денеска од 1 јануари 2021 година, данокот на личен доход за доходот во ИКТ секторот ќе се намалува постепено од 10 проценти на 0 проценти до крајот на 2023 година.

Пакетот вреди 350 милиони евра.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password