ОГЛАС ЗА РАБОТА: ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараме:

Висока стручна спрема – ВСС, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија, управување со трошоци и сл.),
Познавање МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување),
Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансиите, со предност како финансиски аналитичар,
Одлично познавање деловен англиски јазик,
Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point),
Искуството во работа во ЅАР-оперативен систем ќе се смета за предност,
Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим.

Краток опис на основните одговорности:

Придонесува за изготвување точни и навремени месечни, квартални и годишни финансиски извештаи на компанијата за потребите на корпорациското известување,
Придонесува за планирање годишни, квартални и месечни буџети по конта и трошковни места,
Придонесува за финансиско контролирање и анализа на перформансите на компанијата, прави споредби, извештаи и анализа,
Во целост ги следи и ги почитува политиките и процедурите на компанијата,
Активно работи на назначени проекти, меѓусекторски иницијативи и задачи.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на оваа апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата, „ФИНАНСОВ АНАЛИТИЧАР“ најдоцна до 14.9.2018 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password