Џафери: Техничка влада може да се избере и на 3. јануари, последната седница на Парламентот на 12.февруари

Техничка влада може да се формира истиот ден кога ќе премиерката фотелја ќе остане празна, оцени  претседателот на Собранието. Ако се оди според планот и  премиерот даде оставка на 3 јануари, новите  министри би се фатиле за работа уште утредента. Тоа би значело дека парламентот ќе се распушти навреме, а одложување на  избори нема да има.

Дека власта е подготвена за избори, потврди министерот за транспорт и врски. Засега не открива со кого би коалицирале, за тоа ќе одлучувале по изборите.

Опозицијата пак е убедена дека победата ќе биде нивна. Велат доказ за тоа е вчерашниот народен собир.

Али Ахмети, пак ,  по вчерашниот конгрес на ДУИ, порача дека е подготвен да коалиција со онаа партија која ќе ги почитува рамковниот  и Преспанскиот договор.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password