Автопатот Кичево – Охрид ќе биде готов за година ипол
Автопатот Кичево Охрид ќе биде готов за година и половина тврдат надлежните. Велат дека досега се реализирани околу 60 проценти од проектот . Со последниот заем од експорт- импорт банката во висина од 163 милиони евра вредноста на автопатот во должина од околу 60 километри достигна повеќе од половина милијарда евра.
Утре завршува и тендерот за изградба на првите 2, 5 километри од автопатот Скопје -Блаце на кој веќе требаше да се работи. За три недели ќе се знае изведувачот.
Китанов соопшти дека за помалку од два месеци ќе биде готова и втората патарина на автопатот Демир Капија- Смоквица.
Надлежните посочија дека досега се инвеситрани околу 300 милиони евра во инфрструктура. Министерот за транспорт Сугаревски рече дека за следната година се планираат уште 30 нови проекти вредни околу 10 милиони евра.