Бундестагот ќе даде зелено светло за преговори за Македонија

Зелено светло за Македонија, условено за Албанија, ова е одлуката што според германските медиуми, вечерва ќе ја испорача германскиот Бундестаг во однос на преговорите за членство на двете земји.

Иако позитивната одлука за земјава е извесна, сепак Берлин јасно укажува колку макотрпен и неизвесен и на колку строг мониторинг ќе биде изложен патот на земјава низ преговорите до полноправно членство.

Во документот на Бундестагот на четири страници, се наведува дека постојат уште неисполнети реформи, особено во сферата на владеењето на правото, па затоа Парламентот ја повикува германската влада да обезбеди дека Северна Македонија ќе вложи дополнителни напори во областите на:

– Владеењето на правото, вклучително основните права и ефикасноста на Специјалното обвинителство, исто така, и под нова организациска поставеност.

– Борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучително и создавање на солиден резултат како и за перење на пари и финансиски криминал, како и

– зајакнување на институциите и промовирање на човековите права;

Ова е само една од 9-те точки препорачани од Берлин, во кои се потенцира дека Македонија низ поглавјата ќе мора да мине низ јасни рокови и критериуми, како и тоа дека Германија го задржува правото да изгради став ако заклучи дека не се исполнети услови за отворање нови поглавја.

Според Франкфуртер Алгемајне Цајтунг вечерва Бундестагот ќе одобри почеток за преговорите за Македонија без дополнителни услови, додека за Албанија ќе биде условен со серија барања. Според тоа, останува неизвесно дали Берлин и натаму ќе ги води двете земји во пакет како досега или одделено, процес околу кој се поделени неколку земји членки.

Евроскептичната Холандија пред неколку месеци даде јасна потврда за Македонија, но не и за Албанија, отворајќи ја дилемата – дали земјава може да настрада доколку Брисел одлучи евроинтегративниот процес на двете земји да ги води во пакет, без разлика на индивидуалните заслуги.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password