Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата, капитенот на РК Вардар на денешниот контролен преглед открил дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности.
Докторите од Систина, болницата каде бил изведен оперативниот зафат, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.