Павле Богоевски поднесе оставка
Павле Богоевски поднесе оставка на функцијата пратеник на денешната комисија за мандатно-имунитетски прашања по скандалот со аудио-снимката за која тврдеше дека нарачувал масло од канабис.
„Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас. Оваа одлука ја донесов кога се самопријавував во полицијата . Јас сум сторил незаконски акт. Мојата пратеничка функција не сакам да ја злоупотребувам во истрагата. Благодарам за честа да ви служам како пратеник. Оставката стапува по гласањето на пленарната седница за одземање на мандатот на Никола Груевски“, рече Богоевски
Пратеничката Невенка Станковска претходно побара мерки против Богоевски, но пратеничката група од опозицијата стивна кога Богоевски излезе на говорница и ја објави оставката.